Back to IHU website | Sitemap
fYRoM

Apply now!

Educational_Fairs_HUM

join_us
scholarr
Home
  • ЗА НАС
  • ЗОШТО ДА НЀ ОДБЕРЕТЕ
  • ПОСЕТЕТЕ НЀ
  • ЗАПОЗНАЈТЕ НЀ
Факултет за хуманистички науки

Нашата стратешка мисија е да развиеме исклучителни програми на настава и релевантно истражување кое ќе се обраќа на проблемите од значајност за нашето општество и особено на оние кои се од особена важност за регионот на Југоисточна Европа.

humanities

За да го сториме тоа, имаме за цел на студентите да им ги пружиме неопходното знаење и способности кои ќе им обезбедат успешна кариера на денешниот високо конкурентен работен пазар.

Факултетот за хуманистички науки ја претставува следната подиполомска наставна програма:

Нашата стратешка мисија е тројна:

why_choose_us

  • Да обезбедиме истражување и образование кои ги исполнуваат потребите на меѓународната заедница
  • Да го зајакнеме разбирањето за економските, социолошко-политичките и технолошките проблеми со кои се соочува општеството на кое му служиме, преку учење и истражување од највисок академски стандард
  • Да створиме една меѓународна и разновидна студентска заедница која ќе го негува взаемното разбирање меѓу културите и народите

why_choose_us

Посетете го нашиот студентски комплекс


ihu_building

Универзитетот е лоциран на приватно земјиште од 16.000м², прилагодено специјално за да го олесни современото учење. Нашиот факултет се наоѓа во студентскиот комплекс на Интернационалниот Грчки Универзитет. Лоциран е на 14-от км. на автопатот Солун-Мудања.

ihu_building_

Нашите простории се отворени за посетители преку целиот ден. Можете да закажете средба со нашиот персонал за да ве запознаат со локацијата и за да ви ги дадат сите потребни информации.

Универзитетот е опремен со најнова информатичка технологија, он-лајн бази на податоци како и одличен центар за наставно истражување, кои нудат богат и современ избор на книги, весници и бизнис известувања.

Присуствувајте на една од средбите за информирање


Направете го првиот чекор кон вашата Магистерска титула и учествувајте на средбите за информирање. Средбите кои се одржуваат во комплексот ви пружаат можност да се запознаете со студентите, со факултетот и со наставниот кадар и да присуствувате на еден од наставните часови.

Но, доколку не сте во можност да дојдете во IHU, ќе дојдеме ние кај вас. Нудиме средби за информирање на мали групи во поголемите градски области во Грција и во странство. После презентацијата следи дочек, на кој обично учествуваат локалните и бивши студенти. За да ги поставите вашите прашања, присуствувајте на презентацијата водена од член на факултетот или од Директорот на наставната програма.

Во текот на целата година, по ваше барање, можете да закажете индивидуални средби со наставниот кадар.

Tel:(0030) 2310-807529
email:infosoh@ihu.edu.gr

 
 

Subscribe to our info sessions feed

IHU-Information Sessions

IHU School of Humanities - Latest news

Careers Office

business-gateway_banner

Thessaloniki 1912-2012

Follow us @

fb twitter rss yt